Friday, June 2

Компанија во која вработениот е нешто свето: Го скрати работното време на 5 часа, компанијата му процвета (ВИДЕО)

Компанија во која вработениот е нешто свето: Го скрати работното време на 5 часа, компанијата му процвета (ВИДЕО).

Оваа приказна за овој сопственик кој си ги ченеше и почитуваше своите вработени одново и одново кружи по интернет.

И секогаш е добро да ги потсетиме сите сопственици на поголеми или помали фирми кои имаа свои вработени како треба да се однесуваат,да знаат дека луѓето не се машини, дека имаат свои потреби и желби и како и тие самите ќе имаат поголем успех.

Приказната за овој сопственик на кој сите му симнуваме капа, во продолжение после рекламата.

Стефан Арстол, сопственикот на американската компанија „Tower Paddle Boards“, пред една година воведе петчасовно работно време. Оваа година тие беа прогласени за најбрзо растечка компанија.

– Работното време од 9 до 17 часот создаде култ на работохоличари. За жал, осумчасовниот работен ден не е променет во последните 100 години, иако информациската ера во која живееме претставува најголема промена од индустриската револуција, а семејните структури дpaматично се променија од почетокот на минатиот век.

И така, работниците сепак секое утро влегуваат во своите автомобили и ги затнуваат патиштата и тоа го прават повторно во попладневните и вечерните часови.

Понеделник е нешто од што сите се плашат, среда е „денот што веројатно ќе го преживееме“, а петок наутро носи олеснување бидејќи викендот штотуку пристигна.

Идејата дека работниците мора доброволно да „работат“ 70 проценти од неделата за да уживаат во преостанатите 30 проценти е колективно лудило – изјави Стефан Арстол.

Пред нешто помалку од една година тој воведе петчасовно работно време во својата фирма, за работниците да си одат дома и пред ручек.

– Мојата компанија реши да работи поинаку. Продаваме штици за лопатки, така што пократкото работно време и слободните попладневни часови за вработените се совршена комбинација со нашата работа.

Решивме да воведеме петчасовно работно време, од 8 до 13 часот. Бидејќи паузата за ручек трае еден час, ние всушност го намаливме работното време за два часа.

Вработените не се помалку платени, а сепак очекувам да бидат двојно попродуктивни од просечниот работник – објасни Арстол.

Неверојатни резултати: Намалено работно време и зголемена продуктивност.

Резултатите, вели тој, биле зачудувачки. Минатата година беа прогласени за најбрзо растечка приватна компанија во Сан Диего.

Неговиот тим од девет вработени оваа година ќе има приходи од 9 милиони долари.

– Кога ќе им кажам на луѓето дека моите вработени работат само пет часа дневно, одговорот е секогаш: „Тоа е навистина убаво, но не ми се исплати“.

Толку многу се држат до тоа работно време од 9 до 17 часот што ништо друго не можат да замислат – изјави овој претприемач.

Но, како што тврди, работното време може да се намали за 30 проценти, а нивото на продуктивност да остане исто. Аристотел исто така наведува зошто:

Луѓето не се машини.
Само затоа што седат на маса осум часа дневно, не значи дека луѓето се продуктивни. Работното време од пет часа овозможува нивната енергија да биде на оптимално ниво и да биде ефикасна.

Среќата е одлична за продуктивност.
Истражувањата покажаа дека работниците се попродуктивни кога се среќни. Кога имате време да се занимавате со вашето хоби, да ги негувате односите со саканите и да бидете активни, тоа значи дека имате многу повеќе емоционална и физичка енергија.

Помалку часови создаваат подобар фокус.
Ако имате помалку време за извршување на некоја задача, тоа значи дека сте многу повеќе фокусирани на неа, а исто така значи дека имате подобра контрола на приоритетите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *