КОЛКУ ДОЛГО МОЖЕ ДА СТОИ: И зимницата има свој рок на траење – водич за правење и оддржување на зимницата која се прави периодов.
Доаѓа период од годината во кој многу семејства приготвуваат зимница.
Текстот следува во продолжение после рекламата.
Сепак, она што е многу важно да се знае е дека и зимницата има свој рок на траење, но и начин на подготовка кој е гаранција дека ќе биде добра и долготрајна.
Совет е да ставите налепници на теглите на кои ќе го напишете датумот кога е направена зимницата или слаткото.
Стојат и неколку години, но најдобро е зимницата да се изеде во рок од една година до две години.
Ова е можеби најважниот совет што треба да знаете доколку сакате да направите добра и квалитетна зимница што ќе ви трае. Покрај тоа што плодовите треба да бидат зрели, тие треба да се и здрави без никакво оштетување.
Важно е да се оддржува чистота.
Другото правило што исто така е многу важно е да се обидете да ја одржувате чистотата на што повиско ниво можете.
Не само што ќе се погрижите плодовите да се добро измиени, туку и приборот што го користите за подготовка и садовите за складирање, исто така треба да бидат добро стерилизирани.
Kако да се чува зимницата.
Наполнетите тегли ставете ги на суво и темно место, а идеално би било доколку температурата во просторијата каде што ги чувате е постојано 10 степени.