Во топлите денови како да ја зафаќаат цела куќа, а најчесто ги наоѓаме во бањата и подрумот.
Иако едвај има погадна глетка од оваа стоногалка на ѕидот, пред да замавнете со влечката кон неа, знајте дека тоа е последното нешто што треба да го направите.
Ајде да се соочиме со тоа, никому не му се допаѓаат овие суштества кои лазат околу нивната куќа. Но, токму затоа треба да ги оставите овие стоногалки на мира, бидејќи тие ги уништуваат сите други гадни бубачки.
Бараат влажни места во куќата и демнат за плен, а лебарките, термитите, пајаците им се уживање, но не се двоумат да отстранат сè што лази околу вашата куќа.
Овие стоногалки уништуваат други бубачки со помош на две работи – тие се неверојатно брзи, а нивните први две нозе служат како отровни канџи (не грижете се, тие можат да уб ијат други бубачки, но не можат да ви наштетат).
Покрај тоа, тие имаат многу брз метаболизам, што значи дека постојано се гладни и постојано бараат нов залак.
Ако и покрај оваа информација не ги сакате за цимер, фатете ги во тегла и фрлете ги надвор и задолжително пополнете ги сите дупки на ѕидовите и на куќата каде што можат да влезат.