Иcториски најголемо ПОКАЧУВАЊЕ на платите: И во услови на економска и енергетска kpиза има ПАРИ за наставниците.
Убава вест за просветните работници. Ќе имаат историски најголемо покачување на платите.
Сите детали околу покачувањето на платите на наставниците во продолжение после рекламата.
Учебната година ја почнуваме далеку поподготвени од неколкуте изминати години, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Ги повикувам директорите да бидат ажурни и да ги преземат од општините, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
На прес-конференција на која направи осврт за работата на МОН откако тој го предводи, Шаќири рече дека интензивно се работело на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието подготвило интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници.
Тие со во различна фаза на одобрување, а за да имаат учениците од што да учат, подготвени се материјали за учење за првото тримесечје, рече тој.
Достоинствено го вреднуваме трудот на наставниците”.
Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти.
Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем.
Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка.
И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има. Оваа Влада и Министерството за образование и наука на дело покажуваат дека се грижат за достоинствено вреднување на нивниот труд, желба и посветеност.
Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија, за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието.
Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања.
Продолжуваме да работиме на подигнување на дигнитетот на просветителската дејност и во иднина.
Нова учебна година, нов предизвик – надлежните најавуваат успешен почеток, без проблеми На ден пред стартот на учебната година, наставници итаат кон општинските згради за да ги земаат прирачниците за прво, второ, четврто и петто одделение од кои учениците во првите месеци ќе учат, бидејќи учебниците не се готови.
На ажурност ги повика и Министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој посочи дека децата сепак не се оставени на цедило и од утре ќе имаат од што да читаат.
Според него, материјалите се квалитетни и интерактивни, а учебната година се започнува со подобра подготвеност од претходните. Прирачниците за учење не се како испечатени листови, имаат и тенки корици, опфаќаат дел од програмата за првото тримесечие, а се поделени по десетина страници за предмет.
Сепак, во првите страници има материјали за македонски јазик, во вторите математика, а останитете се поделени за други предмети, што значи дека за секое дете има по една книга за сите предмети.
Во меѓувреме, во училиштата освен материјали за учење се расчистуваат ходниците за идните првачиња кои со прослава ќе го започнат својот прв УЧИЛИШЕН ден.
Дел од раководителите и директорите велат дека годинава е олеснување што нема протоколи и барем не мора да се носат маски, но освен учебниците грижите се и за високите сметки за струја кои се очекувани поради кризата.
Со Синдикатот ќе следува дефинирање и потпишување нови колективни договори за основно и за средно образование и ќе бидат во дијалог за политики за подобрување на квалитетот на образованието.