И кажа ЗБОГУM на хигиената: Смета дека КАПЕЊЕТО и четкањето заби се преценети!
Таа на својата социјална мрежа објасни зошто нејзиниот став е таков.
Дали некогаш сте доживеале некој отворено да ви каже дека не се бања или мие заби? Многу е веројатно дека не сте го доживеале, а доколку сте го доживеале, како би реагирале?
Анабел Фенвик Елиот, 35-годишна жена која на својот профил на TikTok зборува за тоа како не се капе една недела и обично ги мие забите еднаш дневно.
Видеото погледнете го ОВДЕ
Британската новинарка, која моментално живее на село во Есекс со своето куче, по сопствено признание не и се допаѓа „чувството на влага и студ“ на нејзиното тело, па ретко се бања, избегнува дезодоранси во широк лак, не ужива во четкањето на забите бидејќи пастата го менува вкусот на нејзината храна, а таа не ја чешла својата валкана коса, туку ја врзува во пунџа.
Таа се смета себеси за интровертна личност и води затскриен и мирен живот, го користи секој момент кога нејзиниот вереник не е во близина за да избегне хигиена.
Бидејќи нејзиното момче работи во странство и тие не го поминуваат поголемиот дел од времето заедно, Анабел се навикна на тој начин на живот и вели дека е горда што е груба.
Таа во своја одбрана рече дека редовното капење не е нешто што им е биолошки неопходно на луѓето, туку дека тоа е навика поттикната од суетата и рекламните кампањи на козметичките брендови.
– Може да претпоставите, со оглед на тоа дека не сум љубител на сапун, дека ретко ја четкам косата, често заборавам да ги мијам забите и понекогаш не се туширам цела недела, дека сум бездомник, зависниk или пcихички растроенa.
Јас не сум ништо од горенаведените, но избегнувам да се бањам. Тоа е мојот избор. На моето куче не му е грижа како изгледам. И искрено, јас сум мрзеливa.
Единствениот пат кога користам дезодоранс е кога одам во самопослуга. Мојата сопствена чистота е на самото дно на мојата листа на приоритети. И се чини дека не сум сама во тоа – рекла таа.
Таа тврди дека луѓето се единствените суштества кои свесно сакаат да се ослободат од својот природен мирис, а таа како горда „мрзелива личност“ одбива да го направи тоа.
Таа истакна дека не била секогаш таква и дека редовно ја одржувала својата хигиена додека живеела во Лондон.
Освен тоа, кога нејзиниот вереник доаѓа на гости, таа редовно ги мие забите, но штом тој се врати во Германија, Анабел се препушта на својот „распуштен“ начин на живот.