Saturday, September 23

Италијанец заврши во полициска станица од скопскиот аеродром: Позната е причината поради која е приведен

Случката е од скопскиот аеродром

Најновите вести од државата

Италијански државјанин вчераутро бил уапсен на Скопскиот аеродром, откако бил агресивен кон полицајци и вработени на аеродромот, соопшти МВР.

„На 28.07.2022 во 09.45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слободаа М.Д. кој има 36 години од Италија, затоа што се однесувал агресивноо кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кон вработените на аеродромот“, информираат од полицијата.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *