Исламската верска заедница бара да се повлече месен нарезок зашто има свинско месо.
Текстот продолжува после рекламата.
Исламската верска заедница (ИВЗ) побара да се повлече месен нарезок затоа што во состојките имало свинско месо, а во исто време на пакувањето имало лого кое значи дека производот е произведен според Халал стандард.
ИВЗ испрати барање до ланецот маркети „Стокомак“ за овој месен производ.
„Во вашите маркети се продава месен нарезок, произведен од Гурмес, потекло на Република Србија, а увозник е Стокомак. На истиот производ има лого на Халал Стандард, а во делот на состојки пишува свинско месо 40%“, се вели во соопштението.
Веднаш потоа стигна реакција од ланецот маркети.
ПОЧИТУВАНИ, Компанијата Стокомак со ова известување сака да упати длабоко извинување до сите припадници на Исламска вероисповед, Агенција за Халал стандард при ИВЗ, како и до Исламска Верска Заедница, за овој ненамерен пропуст при дизајнирање на нашата амбалажа за Gurmes Месен и Говедски нарезок.
Во исто време беа изработени двата дизајни при што се случила ненамерна грешка при аплицирање на знакот за Halal сертификат и на Месниот нарезок кој содржи свинско месо.
По забележување на oвoj сериозен пропуст истиот спорен дизајн на амбалажа е веднаш повлечен од сите наши маркети и не се врши продажба.
Овој недостаток наскоро ќе биде променет кај производителот и производите со корегирана амбалажа повторно ќе бидат достапни во продажба.
Ви благодариме на сите кои со своите најдобронамерни критики ни укажаа на оваа сериозна ненамерна грешка.
Истото ни е исклучително важно на патот на креирање и негување на нашите долгорочни и лојални односи со нашите ценети потрошувачи. ГУРМЕС.