Saturday, September 23

Искористете го убавото време овој викенд: Од понеделник голем ПРЕСВРТ – Еве какво време не очекува

Искористете го убавото време овој викенд: Од понеделник ПРЕСВРТ – Еве какво време не очекува.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен на почетокот на следната седмица.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денес утрото ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од два до 23 степени.

В понеделник ќе има зголемување на облачноста, во западните делови ќе почнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер.

Од почетокот на следната седмица ќе биде ветровито со умерен до повремено засилен јужен ветер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *