Изненадно ПOЧИHAЛА во авион: Мајка на две деца мpтba седела 8 саати на своето седиште.
По две децении во Хонг Конг, Хелен се вратила во Обединетото Кралство.
Хелен Роудс (46) почиna за време на лет со своето семејство од Хонг Конг за Обединетото Кралство на 5 август, пишува People. Хелен патувала со сопругот и двете мали деца и починnaла во сон.
Реанимација не била возможна. Нејзиното тело останало на нејзиното седиште покрај семејството додека авионот не слетал во Германија.
„Сето тоа се случуваше пред нејзините деца“, изјави семејната пријателка Џејн Џеј, која открила дека семејството е неутешно.
Таа била возбудена и нервозна поради селењето
„Во преостанатите осум часа од летот, Хелен лежеше mpтва на своето седиште. Иако беше крајно тpaymaтично за семејството, сите имаа време да го кажат тоа што треба да го кажат и да се збогуваат со неа.
Непотребно е да се каже дека тие беа скршени. Оваа загуба е незамислива. Хелен беше посветена сопруга и мајка. Таа беше лепилото што го држеше нејзиното семејство заедно“.
По слетувањето во Германија, телото на Хелен беше задржано во Франкфурт, додека нејзиниот сопруг Сајмон и децата, Нејтан и Ема, продолжија кон Велика Британија.
„Хелен беше возбудена и нервозна поради селењето, но со нетрпение чекаше да го види своето семејство бидејќи не го видела од почетокот на пандемиjaта. „За жал, таа никогаш нема да ги види сега“, рече Џејн.