Зулејха – хеpоината на „Горка земја“ скршена од болка – Не може да поверува дека повеќе ја нема!
Голема тага по загинатата актерка. Колегите се простуваат од неа.
Текстот продолжува после рекламата.
Во разорниот земјотрес што ја погоди Турција животот го загубила и актерката Емел Атичи, која имаше епизодна улога во серијата „Горка земја“.
Потвдра за смр тта на актерката стигнала и од продуцентската куќа „Тимс&Б“.
Бројни колеги преку социјалните мрежи се збогуваат со Емел Атиџа.
Актерката загина во Адана, а во земјотресот животот го загубила и нејзината ќерка Ханде Пурјан Атичи.
Шокантни вести за Хилал Алтинбилек, која ја игра убавата Зулејха, хероината на турскиот филм „Горка земја“ кој долго време се емитуваше и во Македонија на ТВ Сител.
Целиот тим на серијата е тажен и жали за големата загуба по смртта на актерката Емел Атиџи и нејзината ќерка во разорниот земјотрес во Турција.
Турската продукција„ Горка земја“ доживеа голем успех во својата земја и во странство, бидејќи на јавноста и донесе импресивна животна приказна, но и фасцинантна актерска екипа, составена од многу талентирани и познати актери, кои одиграа маестрално, правејќи со целиот продуцентски тим исклучителна серија.
Неодамна, продукциската куќа која ја создаде серијата ја објави трагичната вест за смртта на актерката Емел Атиџи и нејзината ќерка, во катастрофата предизвикана од страшните земјотреси што се случија во Турција, токму во областа Адана, каде што се снимаше „Горка земја“, помеѓу 2018-2022 година.
Омилената актерка живеела во Адана со нејзината ќерка Ханде Пурјан Атиџи, која дипломирала на Универзитетот Бејкоз, отсек за управување со цивилното воздухопловство, на што била многу горда, и покрај тоа што не сакала да ги следи нејзините стапки.
Тажната вест, како што објавивме претходно, ја објави продуцентската куќа на серијата Tims&B.
„Длабоко сме тажни поради загубата на вредната актерка Емел Аиџи од нашата серија и нејзината ќерка Пурјан Атиџи во катастрофата од земјотресот во нашата земја.
Изразуваме сочувство до семејството Атиџи и до сите наши граѓани кои ги загубија животите во земјотресот, до нивните семејства“, соопшти компанијата Тимс&Б.