Земјотpec во Македонија: Tpeсело во три градови во државата!
Земјотрес поладнево во Македонија. Почувствуван дури во три градови и нивната околина.
Деталите во продолжение после рекламата.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, 7.10.2022 година, регистрираше земјотpec.
Земјотpec со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14 часот и 19 минути на 132 километри југоисточно од Скопје.
Текстот продолжува после спонзорираната реклама.
Потекнува од епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Богданци, Струмица, Валандово и околината.