Friday, December 1

Жена сакала да се самозапали во Скопје: Ја спасил млад скопјанец- Еве ги деталите

Жена сакала да се самозапали во Скопје: Ја спасил млад скопјанец- Еве ги деталите.

Што се случува со луѓето? Жена со бензин и запалка сакала да се запали и да си го одз еме животот.

Деталите во продолжение после рекламата.

65-годишна жена попладнево беше спасена од велосипедист кој случајно минувал под мостот кај МАНУ и без никакво размислување се фрлил по жената која во едната рака имала шише со бензин, а во другата запалка.- пишува МКД.мк.

Двајцата завршиле во Вардар, а потоа заедно излегле од реката. Херојот на денот се вика Христијан Тодоровски (26).

Тој во изјавата за МКД.мк вели дека инц идентот се случил околу 13,30 часот кога возејќи со велосипед по кејот, забележал невообичаено присуство на полицајци распоредени по горното шеталиште.

Имало педесетина, вели. Кратко потоа видел постара жена, со шише во рацете. Еден од полицајците му викнал да побрза и да се обиде да ја спречи жената.

„Го фрлив точакот и се стрчав кон неа. Таа даваше отпор, се обидуваше да го отвори шишето со бензин и да ја употреби запалката.

Некако успеав да ѝ го земам шишето кое веднаш го фрлив во реката, но заедно завршивме во Вардар.

Ја задржав до мене, а потоа дојде еден униформиран полицаец и неколкумина во цивил кои ни помогнаа да излеземе од реката.

Таа цело време викаше да ја пуштам, да ја оставам, беше многу вознемиpeна, плачеше… Потоа заминав“, ни изјави Тодоровски.

Браво! Секоја ти чест дечко, ми рече еден полицаец, ни изјави младото момче.

Со возило на Брза помош жената веднаш била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *