Sunday, December 3

Жан Митрев денеска повикан од ОЈО да даде изјава во врска со случајот за кој објави ИРЛ- тој одговорил уредно на поканата

Жан Митрев повикан од Основното јавно обвинителство да даде изјава во врска со случајот за кој објави ИРЛ- тој одговорил уредно на поканата.

Најнови вести од Македонија и светот. Текстот следува после рекламата.

Од Обвинителството велат дека Жан Митрев бил уредно поканет да даде изјава во врска со случајот за лекување пациенти со ковид-19 за кој објави ИРЛ. Докторот уредно одговорил на поканата и пристигнал во просториите.

Од Основното јавно обвинителство за Плусинфо потврдија дека д-р Жан Митрев е повикан на распит во врска со случајот за лекување пациенти со ковид-19 за кој објави ИРЛ.

– По објавувањето на сторијата на ИРЛ за лекувањето на пациенти со хемофилтрација, од ОЈО беше одлучено по допрен глас доктор Жан Митрев да биде повикан на распит – велат од ОЈО за Плусинфо.

Оттаму додаваат дека д-р Митрев бил уредно поканет да дојде во Обвинителство и да даде изјава во врска со овој случај, на која тој уредно одговорил и пристигнал во просториите.

Според нашите информации информативниот разговор со д-р Митрев е сѐ уште во тек, а го води обвинителот Гаврил Бубевски.

На социјалните мрежи пак веќе се споделуваат вести од типот „во петок се апсат големи риби“. Сакаме да напоменеме дека до овој момент, Жан Митрев не е уапсен, ниту пак задржан во притвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *