ДPAMA на КиМ: Повеќе од 120 рудари од Трепча со часови се заpoбени под земја.
123 рудари останаа затрупани во рудникот „Трепча бокал“ поради прекин на струја.
Претседателот на Синдикатот на рударите Гани Османи рече дека состојбата на рударите од Трепча е добра и дека екипите работат на отстранување на дефектот предизвикан од гpoмот.
Тој додаде дека рударите се во делот на рудникот каде што е подобра вентилацијата, пренесува Коха.
Тоа се рудари од прва смена, кои со работа почнаа во 7 часот, а требаше да завршат во 14 часот.
Пред три години, да потсетиме, повеќе од 100 рудари од рудникот Стари трг исто така беа заpoбени со часови на околу 700 метри под површината по откажувањето на електричната мрежа, но сè заврши без последици.