Д-р Софијанова има светски признанија и спасени детски животи – Салиу се обидува да ѝ го руши кредибилитетот.
Јавноста се крена после веста за директорката Софијанова, делумно со критики, но и голем број пофалби.
Од минута во минута излегуваат нови информации во врска со Д-р Софијонова.
Во продолжение можете да прочитате дел од нив.
Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, искусна докторка педијатар, се огласи на социјалните мрежи откако новинарот Фуркан Салиу ја обвини за астрономски приходи од дежурства, а јавноста се крена да ја одбрани нејзината чест.
Д-р Софијанова е докажан специјалист педијатар и е достапна 24/7 за пациентите, велат повеќето граѓани за нејзината посветена работа.
Не е мал бројот на пофалбите и зборовите на благодарност од родителите кои велат дека нивните деца биле спасени токму благодарение на екпертскиот пристап на докторката.
Еве дел од реакциите по вчерашниот настан:
-Софијанова има добиено признанија од европски институции, за разлика од еден новинар, провокатор што не ја признаваше акредитацијата од председател на држава во која живее, не била и на албански напишана, сака да руши нечиј кредибилитет, што е со години граден. Игнорирајте вакви новинари!
-Докторката воопшто не треба да се правда на никого и да докажува колку пари зема или не зема. Све што земала- заслужила.
-Им сметаат Доктори, кои спасуваат животи, кој колку земал плата, и за дежурства. Ама не им смета Рамковиот договор, по кој, повеќето Албанци седат дома и си земаат плата.
А зошто новинарот,не провери, колку плата и додатоци земаат неговите од ДУИ, или не смее да бута нос таму.
Во врска со ова се огласи и реномираниот физиотерапевт, Илија Жежов. Еве што тој открива за докторката:
Луѓе вака ,стварно незнам како ќе ме разберете и сватите но сите добро знаеме која е и колку вреди Д-р Аспазија.
Д-р Сифијанова е човек што 24 часа е достапна.
Само еден детал ќе издвојам што мене навистина ме прави посебно горд да имам почит кон Софијанова, па слободно ако сакате критикувајте ме.
И се имам јавувано во 00 и 55 за дете-пациент, ми рече Иле тргајте се гледаме на клиника.
Да, запали кола и дојде на клиника и буквално за 30 минути средивме се за детето.
Способна и професионалец жена !!!
Нели сите сме за тоа дека медицинските лица треба да бидат платени во државата,посебно луѓе посветени и вложени со сето свое знаење.
И сега сте запнале замала толку,земала онолку…
Во нормална држава професионалец како неа и како 10 до 15 други посветени професионалци како што си ја работат работата сумата треба да биде дупла.
Ама кај нас повеќе е платен механичар отколку медицинско лице.
Место да ги бркаме, ловиме и критикуваме вистинските лопови што земаат повеќе дупло од неа, сме земале да се занимаваме со луѓе што треба да сме среќни што уште си ги имаме во државичкава.
Претеравме со критики и навреди , стварно не сме фер, а добро знаеме дека и во полноќ да имаме потреба од Софијанова прва е тука за помош…
Толку…
Уз муабет со медицински лица, ми рекоа дека за Цули може само каканации да јадат. Достапна била 24/7. Деца и по ходници прегледувала.
Така да, јебетесе. Видете таму по министерства што земаат плата а не одат на работа си бркаат приватни бизниси.— אֱלִישֶׁבַע (@DrnDrnJarinja_) October 14, 2022
Колку години не му текнало на Фуркан да ги праша рамковните што седат дома и земаат плата? Јас знам еден дечко, веќе 8 години е на список на МТСП и уште не се појавил на работа. Соработник во систематизација.
— Лимузина (@Kkk25146948) October 14, 2022
Работата на еден новинар е да истражи, да приложи докази и на крај да излезе со објава и резонирање за нештото што го истражувал.
Кај нас се прави обратно, се објавува базирано на рекла казала без никакви докази, народот се пали и на крај завршува со палење на вештерки.
— Dr.SandPuppy (@Pumpkinowsky) October 14, 2022