Sunday, December 3

ДО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ CE БOPEЛА: Пронајдена 17 годишна девојка задавена од нејзиното момче во Перистери во Атина

ДО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ CE БOPEЛА: Пронајдена 17 годишна девојка задавена од нејзиното момче во Перистери во Атина.

Текстот продолжува после рекламата.

17-годишна девојка е пронајдена mpтва во населбата Перистери во Атина. На тppaгедијата, како што јавуваат грчките медиуми и претходела тепачка со нејзиното момче од Пакистан, кој во меѓувреме исчезнал.

Според извори од истрагата, девојката најверојатно била задушена. Модринките пронајдени на десната рака, веројатно од неговите прсти, откриваат дека девојката се спротивставувала и се борела со нејзиниот yyбиец до последен момент, за да си го спаси животот.

Според информациите, младиот Пакистанец, со кој 17-годишната девојка била во врска, имал клучеви од станот и често престојувал во станот на улицата Арачовис во Перистери.

Текстот продолжува после рекламата

Телото на 17-годишната мртва девојка во креветот во спалната соба го нашле нејзините мајка и сестра. Тие веднаш ја известиле полицијата која започнала истрага за пронаоѓање на младиот Пакистанец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *