Доживеал клиничка cmppт и потврди „СВЕТЛИНАТА НА КРАЈОТ ОД ТУНЕЛОТ СЕПАК ПОСТОИ“ (ВИДЕО)
Текстот продолжува после рекламите
Камионџија вели дека постои задгробен живот и дека луѓето треба да веруваат во него.
Брајан Милер, камионџија од Охајо, поч инал од срцев удар додека отварал приколка за камион.
Кога стигнал на некоја дестинација почувствувал дека нешто не е во ред со него, повикал брза помош и им рекол дека мисли дека има срцев удар. Кога пристигнал во болница, му станало уште полошо. Во еден момент изгубил свест, но во првиот момент успеале да го оживеат и да ја тргнат блокадата. Сепак, и покрај сите напори, срцевите комори откажале.
– Немаше чукање на срцето, немаше крвен притисок и пулс – изјави медицинската сестра Емили Бишоп. И покрај обидите на лекарот да го оживее, тоа не успеа.
Како што раскажува Брајан, додека лекарите се обидувале на секој начин да го оживеат, тој бил во небесниот свет и опишал како е:
– Единствено што се сеќавам е дека ја видов светлината и тргнав кон таа светлина. Имаше патека обложена со цвеќиња и тргнав кон белата светлина, додека не налетав на мојата маќеа, која неодамна почи на. Беше најубавото нешто кога ја видов, беше како првиот ден кога ја запознав, изгледаше толку среќно – вели Брајан и додава дека се сеќава дека го држи за рака и вели дека неговото време уште не е дојдено:
– Не е твое време, не треба да бидеш тука, мора да те вратиме, имаш уште што да направиш – се присети тој.
По 45 минути му се врати пулсот.
– Неговиот мозок не примал кислород цели 45 минути, тоа што оди, зборува, се смее, се е неверојатно – рекла зачудената медицинска сестра.