Saturday, September 23

Добри вести за граѓаните во Македонија: Следува рекордно зголемување на пензиите и еднократна парична помош за оваа група граѓани

Добри вести за граѓаните во Македонија: Следува рекордно зголемување на пензиите и еднократна парична помош за оваа група граѓани.

Убави вести за панезионерите и за овие категории на граѓани.

Деталите во продолжение после рекламата.

По средбата на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот на прес-конференција изјави дека енергетската криза треба да биде момент за заедничка работа за нејзино пребродување, а не за прибирање на политички поени.

Ковачевски рече дека тие испратиле покана до ВМРО – ДПМНЕ, до нивниот претседател и до економскиот тим, да присуствуваат на денешната седница на економскиот совет во проширен состав на Владата, којашто од нивни причини била одбиена.

Премиерот рече дека на вчерашната средба со Мицкоски тие му ги образложиле сите активности кои што се преземаат во однос на производствените капацитети на ЕСМ – оспособување на сите три блока на РЕК Битола, производство во ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино, како и за набавката на енергенси – јаглен и мазут за нивното работење.

Ковачевски пред новинарите објасни дека со Мицкоски и економскиот тим на опозицијата разговарале и за значењето и за потребата што побрзо да бидат одобрени задолжувањата кај ЕБОР од 100 милиони евра во комисијата за финансирање и буџет и другите соодветни комисии во Собранието на РСМ како и на пленарните седници законите кои што веќе се поднесени.

Со ова ќе се обезбедат ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за работењето на ЕСМ во услови на криза.

Премиерот Ковачевски изјави дека опозицијата го реафирмирала барањето за вклучување на јавните комунални претпријатија на регулираниот пазар.

„Го задолживме Министерството за економија заедно со ЗЕЛС да ги земе податоците заедно со потрошувачката на електричната енергија кај сите од нив со оглед дека категоријата на јавни комунални претпријатија е прилично широка и тоа да може да се спореди и да се стави во корелација со производството на електрична енергија која што го имаме од домашни извори во државата и да се види ефектот кој што ќе го има за нивно можно вклучување на регулираниот пазар“, изјави премиерот.

Тој додаде дека Владата веќе донела одлука со која што ЕСМ е задолжено да врши јавна услуга регулирано присуство на топлинска енергија, бидејќи ЕСМ и Адора компанијата којашто е сопственик на топланите во Градот Скопје успеаа да постигнат согласност и веќе постои договор за закуп којшто е потпишан.

Премиерот Димитар Ковачевски на вечерашната прес конференција соопшти дека според договорот за закуп за топланите, ЕСМ ќе и плаќа 390.000 евра годишно на Адора, која е сопственик на топланите.

-Договорот е направен помеѓу ЕСМ, компанија определена од Владата да управува со затоплувањето.

Условите за договорот меѓу Адора, која е сопственик на топланите и ЕСМ, ги опредеделува Регулаторната комисијата. Како што слушнав, станува збор за 390.000 евра годишно кои како закуп ќе ги плаќа ЕСМ.

Ќе се прават и дополнителни анализи за целосно откупување на топланите, рече Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски најави ново зголемување на пензиите.

„Ги зголемивме и пензиите. Тие се зголемени за 10%, ќе има уште едно зголемување во март идната година кое што исто така ќе биде сигурно околу 6%, што значи за една календарска година ќе бидат зголемени за 16%“, одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање.

Во однос на најранзливите категории денеска на седница министерката за труд и социјална политика презентирала предлог.

„Ранливите категории ќе бидат опфатени со еднократна парична помош која ќе ја добиваат во наредните неколку месеци.

Ресурсите со кои располага државата треба да се распоредат таму каде што има најголема потреба, а тоа се лицата кои примаат социјална помош, самохрани родители, деца без родители итн.“, додаде Ковачевски.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи и со поддршката на компаниите. А во однос на цените на основните прехранбени продукти рече дека е ограничена маржата но и дека постојано има засилени контроли.

„Кога ја зголемив минималната плата ме критикуваа, се сега гледаат зошто ја зголемивме“, заклучи Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *