Saturday, September 23

ДАЛИ ТРЕБА ДА НОСИМЕ ЦPHO КОГА ЌЕ НИ ПОЧИHE БЛИСКA ЛИЧНОСТ? Владиката Григорије ја разреши ДИЛЕМАТА која измачува многу Македонци!

ДАЛИ ТРЕБА ДА НОСИМЕ ЦPHO КОГА ЌЕ НИ ПОЧИHE БЛИСКA ЛИЧНОСТ? Владиката Григорије ја разреши ДИЛЕМАТА која измачува многу Македонци!

Владиката Григорије е еден од ретките свештеници кој преку социјалните мрежи им се обраќа на верниците и на современ начин им пристапува на православните верувања и обичаи.

Тој често решава многу дилеми на православните верници, па неодамна на Твитер се осврна на една од вечните теми кај сите нас – дали треба да се носи црно кога ќе умpe некој близок.

Овој обичај се пренесува од колено на колено, а модерната ера се повеќе го потиснува, поради што често има живи полемики.

Многумина сметаат дека по cmpтта на некој близок, црното треба да се носи најмалку 40 дена, па дури и цела година, додека има се помалку луѓе кои го практикуваат овој обичај.

Одговор на оваа дилема даде владиката Григорије, а ние ја препишуваме во целост.

„Дали по cmpтта на блиските луѓе да носиме црно? На ова прашање повеќе би сакал да одговорам со подпрашање: Дали црното навистина е потврда дека жалиме и тагуваме за некого?!

Процесот на тагување се одвива во нас и не ни треба никаков надворешен доказ за тоа.

Црнилото обично им дава до знаење на луѓето околу нас дека сме изгубиле некој наш близок, па со внимание и почит се однесуваат кон нашата болka.

Во пракса, често се случува спротивното: во оние денови кои се многу тешки и предизвикувачки за ужалените, црнилата го привлекуваат туѓото внимание и тоа во моментот кога сме најчувствителни и кога најмалку ни се потребни љубопитните и жалосни погледи на другите.

Не треба да се облекуваме во црно по cmpтта на саканите само затоа што некој тоа го очекува од нас. Ова е најмалку значајно од сите можни причини на кои можете да помислите.

Ако некој сè уште сака и чувствува потреба да носи црно, тоа е сосема во ред да го направи.

Но, тоа што некој друг нема да носи црно не значи дека некој помалку ги сакал и почитувал ближните или дека тие му значеле помалку.

Ако случајно необлекувањето црно ве прави да се чувствувате виновни пред поkoјникот, запомнете дека е многу поважно од носењето црно да им покажете со своите постапки и дека се грижите за нив и дека ги сакате.

Се друго е помалку важно, а се однесува на формата, а не на суштината“, рече владиката Григорије.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *