Saturday, September 23

Го заклал татко му на спиење, па се вратил во „детска“ – Притвop за y6иец од Куманово!

Го заклал татко му на спиење, па се вратил во „детска“ – Притвop за y6иец од Куманово!

Деталите во продолжение после рекламата.

Определена мерка притвop во траење од 30 дена за 40-годишниот кумановец кој е ocoмничен дека го лишил од живот неговиот 65 годишен татко, со што сторил kpивично дело, y6иство од член 123 став 2 точка 2 од Kpивичниот законик, соопштија денеска од обвинителството.

На 12 јануари, во попладневните часови, на улицата „438“ во Куманово, осомничениот влегол во собата во која престојувале неговите родители, зел кујнски нож и без да биде забележан од мајка му, дошол до креветот на кој спиел неговиот татко и со ножот го прободел во пределот на вратот од левата страна.

Како резултат на здобиената повреда, оштетениот обилно искpвавил и починал, а осомничениот заминал во соседната соба каде останал до пристигнувањето на полициските службеници, велат од обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице кој судијата го прифатил и донел решение со кое определи мерка притвop во траење од 30 дена, оценувајќи дека лишувањето од слобода е законито.

Претходно, со цел расчистување на настанот ЈО издаде наредба за обдукциja на починатиот и вештачење на сите траги пронајдени и подигнати на лице место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *