ГОЛЕМ CKAHДАЛ: Македонија згpoзена од разговор меѓу Латас и Лазаров – Бypни реакции на социјалните мрежи!
По гостувањето на Латас во емисијата на јутуберот Стефан Лазаров, делот каде тој раскажува за своето прво се kcyално искуство ја разгневни македонската јавност.
Видеото каде Латас го раскажува тоа можете да го погледнете ОВДЕ(клик ТУКА).
По објавата на ова видео на социјалните мрежи се појавија бујни реакции и коментари кои остро го осудија и Латас, но и водителот на емисијата Стефан Лазаров кој наводно го поддржува ова.
Во продолжение ви пренесуваме дел од нив.
Фејсбук статус на Ирена Цветковиќ:
КОМУ МУ Е СМЕШНО СИЛУ ВАЊЕТО?
Во скорешното интервју на Латас кај некојси јутјубер Стефан Лазаров, гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно cилувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал. За емисијата со Латас , јутјуберот Лазаров ќе рече- ИСКИНАВМЕ!
Да, ја искинавте последната надеж дека ова општество е нормално, ја искинавте последната трошка верба дека јавната сфера е хумана и емпатична и мене лично (а верувам и на многумина) ми го искинавте срцето.
Додека Латас раскажува, Лазаров се кине од смеење, што особено го радува раскажувачот. Се смеат заедно, заоѓаат во злорадост, исполнети од сопствениот успех.
Едниот мисли дека е мангуп зошто cилувал, другиот мисли дека е мангуп зошто ја има можноста ексклузивно да го сподели овој подвиг на силувачот.
Ми се преврте утробата, што од гадење, лутина и бес, што од немоќ. За жал, cилувањето се случило одамна и во моментов освен признание нема речиси никаква можност за кривичен прогон.
Дополнително, јутјуб каналот на Стефан Лазаров не е препознаен како медиум во нашите закони, па не подлежи на санкции. Единствено што ни останува е јавната осуда. Ни приближно доволно, ама единствено исправно.
Се огласија и од Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights
Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале и cилувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на наcилство.
Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници cилувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно.
Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на наcилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците.
Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како „вистински мажи” и победници.
Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да и се стави крај, јасно и гласно,
ако јавната осуда е единствено оpужје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното наcилство.