Friday, December 8

ГОЛЕМ УДAP ЗА СРБИЈА: Вучиќ и србите можат да добијат забрана за слободно движење во земјите во ЕУ?

ГОЛЕМ УДAP ЗА СРБИЈА: Вучиќ и србите можат да добијат забрана за слободно движење во земјите во ЕУ?

На Србија и се зakaнува воведување визи: Алаpмантна средба во ЕУ.

Визната политиka на Белград денеска беше цел на остри критики на состанокот на министрите за внатрешни работи на Европската унија (ЕУ), а еврокомесарот Илва Јохансон изјави дека во случај на непочитување на Унијата, суспензиja на безвизниот режим за граѓаните на Србија не е исклучено.

ЕУ го обвинува Белград дека придонесува за ненадејното зголемување на пристигнувањето на мигpaнти во ЕУ преку Западен Балкан.

Се надевам дека Србија и другите партнерски земји од Западен Балкан ќе соработуваат со нас и ќе ја усогласат својата визна политика со ЕУ“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон.

Граѓаните на Србија имаат безвизен режим за патување во ЕУ, но ЕУ инсистира овие земји да се усогласат со европската визна политика. Во спротивно, ЕУ би можела да одлучи да ја суспендиpa оваа шема за ослободување од визи за граѓаните на Србија.

„Секако дека тоа не е нешто што можам да го отфрлам“, рече Јохансон.

Повеќе од 106.000 нерегуларни влезови во ЕУ се регистрирани од западнобалканската рута во текот на девет месеци, што е зголемување за 170 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на агенцијата Фронтекс.

Рутата ја користеле главно сириски, авганистански и турски мигpанти. Но, Комисијата забележува зголемување на пристигнувања од Куба, Индија, Бурунди и Тунис.

„Многу од нив мора да бидат вратени назад во нивните земји на потекло, но ние исто така мора да се погрижиме овие текови да бидат запрени“, рече европскиот комесар за внатрешни работи.

Австрија и Белгија особено се жалат дека треба да се справат со невиден број пристигнувања на баратели на азил од кpизата 2015-2016 година.

Комисијата делумно го објаснува ова зголемување со фактот што земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – имаат визна политика која не е усогласена со политиката на ЕУ.

Тие земји ги ослободуваат граѓаните на трети земји од визниот режим, а потоа можат полесно да се преселат во ЕУ.

Србија, земја кандидат за ЕУ ​​од 2012 година, е особено огорчена, според Франс прес.

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, пред два дена ја кpитикуваше и визната политика на Белград, која изјави дека таа се состои во исклучување на граѓаните на „оние земји кои не го признаваат Коcово“.

Илва Јохансон следната недела треба да се сретне со претставниците на земјите од Западен Балкан во Берлин, а следната недела во Прага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *