Голема тpагедиja: Прегазен пешак во Скопје, почина на лице место.
Прегазен пешак во Скопје, почина на лице место – 18 годишниот возач повреден.
Деталите во продолжение после рекламата.
На 27.01.2023 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 19.45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“,
патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, скопско, удрило во пешакот Ш.Р.(71) од Скопје.
На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал cмpт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.