Вучиќ: Доаѓаат тешки времиња, трговските центри во регионот наскоро ќе се затворат.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Будимпешта изјави дека доаѓаат потешки времиња и оти верува дека поради растечкиот koнфликт во Украина ќе бидеме под уште поголем економски и енергетски притисок.
„Клучната бopба ќе биде да се зачува ниската цена на струјата и гасот не само за домаќинствата, туку и за компаниите за да не го изгубат местото во производниот синџир“, нагласи тој.
Вучиќ денеска се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со австрискиот канцелар Карл Нојхамер, а на трилатералната средба беше договорено како и на кој начин трите земји ќе се справуваат со миграцијата што ќе придонесе за подобрување на безбедносната состојба во Србија.
Договорено е, како што рече, пред се со Унгарија, но и со Австрија, да си помагаат кога се работи за гас, храна, чување на нашите граници од неконтролиран упад на илегални мигpaнти.
Вучиќ додаде дека граѓаните засега немаат причина за грижа, иако допрва следуваат многу потешки времиња.
„Клучната бopба ќе биде да се зачува ниската цена на струјата и гасот не само за домаќинствата, туку и за компаниите за да не го изгубат своето место во производниот синџир“, рече Вучиќ, додавајќи дека „преживуваат само најсилните, малите играчи немаат шанса“.
Наскоро, вели тој, ќе бидат затворени трговските центри во регионот бидејќи нема да вреди продавниците да плаќаат кирија и високите цени на енергијата.
Тој напоменува дека до 31 март остануваат нешто повеќе од шест месеци и дека сега мора да се донесе одлука за почеток на грејната сезона.
Тој додаде дека во четврток во Прага ќе се сретне со Урсула фон дер Лајен и дека тема на разговор ќе биде претстојната зима.
„Денеска разговаравме за безброј важни теми. Многу е важно да се зборува за финансии за да се види како да се решат проблемите во иднина. Мора да ја зачуваме нашата стабилност.
Засега, луѓето немаат премногу причини за грижа, но допрва следуваат многу потешки времиња“, рече тој, истакнувајќи дека „сè што сме стекнале и заработиле може да се изгуби за шест месеци поради неодговорноста на светските лидери. ”
Одговарајќи на новинарски прашања, Вучиќ рече дека денеска тема на разговор биле важните инвестиции кои треба да го опфатат целиот Балкан.
„На 31 март сите ќе анализираме кој што изгубил, но главното прашање ќе биде кој ќе преживее следната есен и зима. „Запомнете го тоа“, рече тој.
Вучиќ додава дека малите и слабите ќе гинат до март, а малку појаките ќе ја чекаат следната зима.