Tuesday, May 30

Втор ден по ред ДРАМА во „Се или Нешто“ – вакво нешто НИКОГАШ претходно не се случило!

Текстот продолжува после рекламата.

Лила Стојановска или Лила Филиповска е бренд. Лила веќе 11 години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави:

– Во овие сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.

Мојот проект на животот” “СЕ ИЛИ НЕШТО” уште една нова сезона на Сител Тв.. Вложивме многу љубов, труд и работа за да ве забавувавме и

драго ми е што успеавме во тоа затоа што рејтинзите сите овие години го докажуваат тоа. Бидете со нас и сега нема да ве разочараме“, најави Лила неодамна.

– Овој квиз ми дојде како една убава промена, затоа што е едно вистинско реално шоу, учествуваат луѓе кои не биле пред камера. Па, им годи популарноста која им ја донел квизот.

Вчера и денес гледавме две неверојатни епизоди и нешто што досега се нема случено претходно, два натпреварувачи во низа го имаа милионот во својата кутија.

Вчера тетка Летка се откажа и си замина со 110.000 денари, иако во својата кутија го имаше милионот и можеше да стане првата милионерка во овој квиз.

Сега и денес, втор ден по ред еден натпреварувач имаше милион во својата кутија.

Денес чичко Бранислав во својата кутија ја имаше најпосакуваната сума, но немаше храброст да оди до крај и предвреме си ја продаде кутијата.

Од тука уште еднаш упатуваме порака до сите учесници – „Ако мислите дека сте среќни, одете до крај“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *