Friday, December 8

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА: Еве какво време не очекува

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА НЕРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Еве какво време не очекува.

Бидете во тек со најновите вести во Македонија и светот, следете нѐ.

Деталите за временската прогноза можете да ги прочитате во продолжение после рекламата.

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи и следните денови.

Времето денеска претпладне ќе биде со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. УВ=6.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

В петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *