Војниците на АРМ помогнаа во спасувањето на 5 годишно дете од урнатините во Кахраманмараш (ВИДЕО).
Македонските војници заедно со турските спасувачи, по шестчасовна напорна работа успешно го извлекоа од под урнатините во Кахраманмараш, 5-годишниот Сулејман.
Текстот продолжува после рекламата.
Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешна успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините.
Нашиот армиски тим по сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини по што по 6 часовно расчистување на рушевините слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат пет годишниот Сулејман од рушевините.
Погледнете го видеото во продолжение: