Во Скопје повторно сообраќајка
Овој пат 4news.mk објавија дека во истата има и загинати
Во продолжение нивната информација
Вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа на патот од Драчево кон Студентичани во Скопје, објави „4news.mk“.
Првите информации се дека во судирот учествувале мотор и трактор, а според нивните неофицијални информации на „4news.mk“ има и загинати.
Патот е затворен за сообраќај, а наскоро се очекуваат повеќе детали.