ВОНРЕДНА ВЕСТ во државата: Тетовчани останаа без струја, ново невреме има и во Кавадарци каде што се поплавени неколку објекти.
Поради невремето што ја зафати земјава, при што наврна голема количина дожд, Тетово остана без струја.
Екипите на ЕВН беа на терен за отстранување на дефектот. Прекинот траел кратко, а во моментов е вратено електричното напојување и е отстранет дефектот. ЦУК информира дека во 20:20 часот дефектот во Тетово е отстранет.
Моментално снабдувањето со електрична енергија во Тетово е нормализирано. За новите случувања во Кавадарци можете да прочитате повеќе во продолжение.
Инаку, во Кавадарци повторно има невреме, а досега се пријавени три поплавени објекти. Од Територијалната противпожарна единица пак, во изјава за МИА, истакнале дека повеќе пожарникари вечерва испумпуваат вода од неколку критични места во градот, како резултат на поројните дождови.