(Видео) Xиcтеричен испад на Софијанова: Фатена со рацето во медот – Фуркан ја фати како земала плата, а не одела на работа!
Видеото кое предмалку беше објавено од страна на новинарот Фуркан Салиу ги шokираше сите и привлече огромно внимание кај македонската јавност.
Видеото и текстот во продолжение после спонзорираната реклама.
Вистинска драма денеска се случуваше на Детската клиника во рамки на Клиничкиот центар мајка Тереза откако новинарот Фуркан Салиу ја фати директорката Аспазија Софијанова со рацете во медот.
Имено како што дознава Клан Македонија, Софијанова земала пари за дежурства, а притоа не се појавувала на работно место.
Откако беше соочена со фактите и со интерни документи од Клиниката, Софијанова имаше хистepичен напад и се заkaнуваше и го навредуваше новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу.
Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата, но кавгата со директорката се случи откако и беше посочено дека земала плата, а не одела на дежурства.
Целиот разговор течеше вака:
Новинарот Фуркан Салиу во прашања упатени до директорката. вели дека земала плата за дежуство, а не се појавувала на работа, по што ја запраша да ги достави снимките од датумите кои и ги посочи за да проверат дали таа била на своето работно место како дежурен за кој земала екстра плата. Како што вели новинарот нејзината основна плата била 113 илјади денари, а таа земала односно била платена за дежуство 192 илјади денари.
Како директор јас дежурам, а не морам, вели директорката.
Како може 113 илјади денари да ви биде основна плата, а да бидете платени за дежурство 192? На ова прашање директорката вели дека таа имала кредити и тој требало да погледне колку кредити плаќа. На ова, тој и вели кредитите си се ваша лична работа.
Овие работи се интерни за кои не знам како сте стигнале да ги добиете, ако продолжиш вака јас ќе те тужам тебе.
Новинарот Фуркан Салиу и рече да избере било кој датум и да ги погледнат камерите и да видат дали директорката била на работно место, дали била дежурна на тие датуми.
На ова таа му одговори дека тој сам треба да си ги најде тие снимки бидејќи се прави многу паметен.
Сигурно и многу други колеги се плаќаат на овој начин. Ќе правиш прилог од оваа тема, запраша зачудено директорката.
Таа го праша кој му ги дал документите, на што новинарот рече има право да ја задржи приватноста на ликот кој му го дал овој доказ.
Погледнете го видеото во продолжение: