(ВИДЕО) CTPAOTНИ СНИМКИ ОД ТЕШKAТА COOБРАЌАЈНА HECPEЌА KOJA ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Згмечени два автомобили во судар кај Дубровник.
Најнова лоша вест од Балканот денес.
Продолжува после рекламата.
Во судир на два автомобила со дубровнички регистарски ознаки на државниот пат Д-8, недалеку од кривината за Босанка, повредени се неколку лица кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ОБ Дубровник.
Полицијата известува како се одвива сообраќајот, од градот преку жичарницата, а излезот е преку Комолц.
Се уште не е познато како дошло до нecpeќата, пренесе Блиц.рс.
Видеото можете да го погледнете во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Аеродромот во Дубровник да се вика Тереза Кесовија! Иницијатива од граѓаните на најубавиот град на Јадранот
Со тоа, во светот на аеродромите ќе имаме уште еден со името Тереза. Секако, покрај оној веќе постојниот во Тирана (Албанија), кој поодамна се вика по светицата Мајка Тереза, во знак на сеќавање на скопјанката Гонџа Бојаџиу!
Граѓаните на Дубровник, еден од најубавите и најатрактивни градови не само на јадранскиот морски брег туку воопшто на нашата планета, деновиве предлагаат нивниот обновен аеродром да има ново име.
Аеродромот се наоѓа на 30 км јужно од централното градско подрачје, во околината на романтичното дубровничко село Конавли (со границата на Црна Гора) и е еден од најфреквентните во овој дел од Европа, особено во лето, кога на него има милиони туристи од целиот свет.
За повеќе аеродромот да не се вика како што се вика сега – Зрачна лука Дубровник или попопуларно Чилипи, жителите излегоа пред својот градоначалник со многу необична и интересна иницијатива, тој во иднина да го носи името на нивната славна и легендарна пејачка Тереза Кесовија!
Дубровчани го образложија тоа со тоа што велат дека Тереза е една и единствената не само како изведувач на забавна музика туку и како личност која преку своите песни, на сите четири страни на планетава Земја, неуморно и со многу искрена љубов ги промовира Дубровник, неговата туристичка ривиера и неговите жители.
– И тоа подобро го работи од сите политичари, амбасадори и културни дејци. Уште од она време на поранешната Југославија, па се до “Олимпија“ во Париз. Затоа цврсто стоиме на ставот, нашиот убав аеродром во иднина да се вика Тереза Кесовија. Особено што таа е уште жива, па сметаме дека ќе се сложи со нас, своите сограѓани. И на овој начин сакаме да ѝ се заблагодариме.
А, секој патник што во наредниот период ќе слета или ќе одлета од аеродромот, во знак на сеќавање, за подарок веројатно ќе добие по едно цеде со песните на нашата дива Тереза, која токму преку нив ги слави со камбаните на сите „дубровнички ѕвона“ нашиот град, нашиот Страдун, нашиот Локрум, Цавтат, Порпорела, Бабин Кук, Срѓ, Орландо, Млини, Сребрно, Чилипи, Купари, Кнежев Двор, Марин Држиќ, Ревелин, Ѓело Јусиќ, “Дубровничките трубадури“, убавото дубровничко Конавли, родното село на музичката дива Тереза – гордо порачуваат граѓаните на Дубровник, кои собираат потписи за промена на името на “Зрачна лука Дубровник” во “Тереза Кесовија”.
Сега останува да видиме дали ова навистина ќе се оствари, па во светот на аеродромите ќе имаме уште еден со името Тереза. Секако, покрај оној веќе постојниот во Тирана (Албанија), кој поодамна се вика по светицата Мајка Тереза, во знак на сеќавање на скопјанката Гонџа Бојаџиу.