На концертот за Рамковниот договор за кој деновиве посебно се зборуваше во медиумите и на социјалните мрежи беше исвиркан македонскиот јазик. Имено, откако водителката на настанот почна да зборува на македонски јазик, почнаа и свирежите од страна на публиката.
Дали вака после десетици години треба да се гради соживотот? Дали ќе има осуда од страна на официјалните организатори?
Концертот за Рамковниот договор почна со исвиркување на македонскиот јазик
Водителката на настанот прво зборуваше на албански, а кога се обиде истиот текст да го прочита и на македонски јазик беше исвиркана од младата публика. Таа се обиде овој текст да го прочита и на македонски:
„Драги присутни, вечерва не собра песната, убавата песна која ќе не потсети на убавите мигови на животот, на младоста, љубовта, слободата, соништата.
И секако да им порачаме на оние кои имаат некаквии.
Вицепремиерот Артан Груби претходно за овој концерт најави дека ќе прерасне во еден од најголемите регионални, мултикултурни, обединувачки фестивали.
Фестивалот, насловен како Фестивал на мирот помина без ниту еден македонски пејач, откако двајцата најавени, Владо Јаневски и Антонија Гиговска го откажаа настапот.