(ВИДЕО) Синот и снаата на Цеца доживеале cooбраќајна нecpeќа: Вељко и Богдана тргнале на свадба па излетале со колата во ендек.
Еден пех му се случи на Вељко Ражнатовиќ за време на веселбата во Тител.
Имено, Мирко Шијан денеска ќе се ожени со Бојана Родиќ, а гостите навиваа и пееја пред нејзината куќа.
Меѓутоа, сопругот на нејзината сестра Богдана доживеал непријатност.
Немил настан се случил кога автомобилот во кој биле Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана во свадбената поворка излетал од патот и влегол во ендек, пренесува „Пинк.рс“.
Имено, белото „ауди“ излетало од патот додека престигнувало друго возило во колоната, но се завршило добро, благодарение на вештата реакција на возачот.
Никој не е повpeден, а колната продолжила понатаму.
На автомобилот е причинета мала материјална штета.
Да потсетиме, Мирко Шијан и Бојана Родиќ денеска ќе го кажат судбоносното „да“ во еден познат ресторан во Сурчин.
Додека Мирко ги пречекува пријателите во Сурчин, во Тител се е подготвено за свадбата на уште една ќерка.
Богдана Ражнатовиќ никогаш не изгледала поубаво на свадбата на нејзината сестра.