Saturday, September 23

(ВИДЕО) Нов ГАФ на Џо Бајден: Откако го одржа говорот, тргна во погрешен правец

(ВИДЕО) Нов ГАФ на Џо Бајден: Откако го одржа говорот, тргна во погрешен правец.

Во последниов период се почесто кружат видеа од американскиот претседател како прави работи кои се доста чудни.

Пред само неколку денови кружеше видето во кое тој ја повикуваше мpтвата сенаторка Џеки, а денес вече има ново видео.

Американскиот претседател Џо Бајден повторно стана „ѕвезда“ на социјалните мрежи.

Овој пат на интернет почна да кружи ново видео на кое се гледа како американскиот претседател изгледа малку изгубено по неговиот говор.

Бајден во четвртокот беше во канцеларијата на Федералната агенција за управување со вонpeдни состојби (ФЕМА), каде што го пофали нејзиниот одговор на ypaганот Иан.

Откако го заврши говорот, американскиот претседател сврте десно и тргна кон групата луѓе, игнорирајќи ги повиците на претставниците на ФЕМА.

На видеото објавено на Твитер, Бајден може да се види како се заблагодарува, а потоа оди кон луѓето.

Во тој момент се слуша како претставничката на ФЕМА вели „Господине претседателе“, но тој ја игнорира.

Потоа оди да се ракува со луѓето присутни во канцеларијата на ФЕМА, а персоналот на американската тајна служба брзо го следи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *