(ВИДЕО) Некогаш неостварена желба, сега реализирана цел: Детето спортски херој пливаше 22 часа – БРАВО МАРКО, ГОРДОСТ НАША.
Браво за Марко, младиот македонски пливач.
Видеото и деталите во продолжение после рекламата.
Некогаш неостварена желба, сега реализирана цел. Марко го заврши последниот подвиг за време од 21 час и 42 минути.
Марко Пејчиновски, младиот македонски пливачки маратонец на отворени води летово го препливуваше Охридското езеро за да инспирира и да докаже дека сè е возможно.
Тој денеска успешно го заврши и последното 10 препливување за ова лето, на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри.
На празникот Голема Богородица го заврши последниот подвиг за време од 21 час и 42 минути.
Од почетокот на својата пливачка кариера, младиот маратонец прави подвизи кои никој досега ги нема направено. Неговата желба е секогаш да ги крева стандардите, да направи нешто поголемо, нешто потешко, да го тргне зборот „невозможно“ од речникот.