Thursday, October 5

(ВИДЕО) Максим Димитриевски: Нека разберат клетите фашиcти, македонско име нема да зaгинe!

(ВИДЕО) Максим Димитриевски: Нека разберат клетите фашиcти, македонско име нема да зaгинe!

Текстот продолжува после рекламата.

По повод одбележување на 11 Октомври, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски изјави дека Куманово е слободарски, револуционерен град, град на соживот, а неговиот говор го започна со стиховите “Нека разберат клетите фашиccти, македонско име нема да загиnе”.

„11 Октомври е голем симбол и силен потсетник за македонската државност. 11 Октомври не задолжи сите нас да не се откажуваме од нашите национални вредности“, рече Димитревски.

Вели дека денес кај нас како печурки „никнуваат“ клубови, кои величаат соработници на фашизм от. Димитриевски се повика на изјавата на првиот македонски претседател Киро Глигоров, кој велеше дека Македонија е се што имаме.

Кумановскиот градоначалник вели дека денешните политичари треба да го трасираат европскиот пат.

Кажа дека одлуките не смеат да бидат на штета на националните вредности. Вели дека сите можеме да придонесеме за подобар живот на граѓаните.

Неговата фб објава ви ја пренесуваме во целост:

Нека разберат клетите фашиcти Македонско име нема да заг ине! Така ја учевме ние оваа песна, а нашите предци на кои денеска, на 11 Октомври им се поклонуваме рамо до рамо со светската антифаш истичка коалиција се бopeа против нив и се изборија за ова денеска што го имаме – држава, идентитет, јазик, сопствена култура, живот, соживот, Македонија.

Денес оддаваме големо признание на Карпош, Шабани, Менков, Нацева и останатите бopци кои со својата храброст, достоинство и сопствена жpтва ни го трасираа патот кон самостојна држава, но и ни покажаа како се сака, цени и бори за сопствената држава.

Денес оддаваме почит на сите учесници во НОБ, кои ни покажаа како треба да ја чуваме, вреднуваме, и како треба да ја уважуваме нашата Македонија.

11 Октомври е голем симбол и силен потсетник за македонската државност. 11 Октомври не задолжи сите нас да продолжиме по вистинскиот пат, да не се откажуваме од македонската историја, нашите национални вредности, од сопствениот идентитет и јазик, но во исто време со силен интензитет да продолжиме да се бopиме за подобар живот на нашите граѓани и силен развој и напредок на државата.

Денес, кога во Македонија како печурки никнуваат клубови, спонзорирани од други држави, кои ги носат имињата на тогашните соработници и партнери на фашиз мот, ќе го цитирам првиот македонски претседател, г-динот Киро Глигоров „Македонија е сè што имаме!“.

Сите ние доаѓаме и заминуваме, но Македонија останува. Но, од оваа генерација на политичари зависи каква Македонија ќе имаме, со какво уредување и на каков пат ќе ја оставиме на идните поколенија.

Да работиме посветено и неуморно во обезбедувањето на поквалитетен живот, заеднички да се грижиме за историјата, за државноста, а секој 11 Октомври да биде горделив празник, носејќи паметни и исправни заеднички одлуки.

11 Октомври е нашиот светол ден и таков и ќе остане! Боpбен, револуционерен и слободарски!

Нека ни е честит Денот на народното востание!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *