(ВИДЕО) Македонците го обожаваат, а тој научи и почна да пее македонски народни песни: Турскиот актер ја запеа Јовано Јованке.
Кога станува збор за турските серии, тогаш македонците се неприкосновени по познавањето на турските актери посебно во текот на изминатите десетина години откако на македонските тв екрани почнаа да се емитуваат турски серии.
Така, многу македонски граѓани, и помлади, но и повозрасни речиси секој ден знаат да издвојат дел од своето време да го гледаат својот омилен турски актер или серија.
Она што е интересно во изминатиов период е што нашиот главен град Скопје беше домаќин на снимањето на првата епизода од турската серија „Балканска приспивна песна“ која се прикажува на турската национална телевизија во текот на летово.
Целта на „Балканска приспивна песна“ е да ги долови и прикаже искрените и радосни приказни на балканскиот народ.
Серијалот е посветен на љубовната приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, град во кој заедно живеат различни националности, како Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, итн. Ќе се раскаже нивната борба да го постигнат навидум невозможното преку љубовта.
Во главна улога ќе бидат турските актери Ердал Озјагџилар, Озлем Туркад, Емре Беј и Мерих Озтурк, додека останатите актери и актерки, меѓу кои се и актери и актерки од Македонија, се Хакан Бојав, Џан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чигаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Хаљиљ, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут и Ерман Шабан.
– „Балканска приспивна песна“ е многу искрена, топла, убава приказна. Го глумам кофтеџијата Сулејман. Снимена е во Отомански замок, а таму е и мојата продавница за ќофтиња.
Мислам дека публиката ќе биде заинтересирана за оваа серија, изјави актерот Ердал.
Дека актерот ја засакал нашата држава, но и македонската песна говорат следниве видеа во кои ќе видите дека тој заедно со други луѓе ја пее нашата македонска песна „Битола мој роден крај“ и „Јовано Јованке“.
Како што македонците ги сакаат турските серии, така актерот веројатно ја засакал македонската песна. Па нека е за убаво. Слушнете како тоа изгледа:
Изведба на преубавата Јовано Јованке