Верче: Ми треба помош – Да го направиме овој пост вирален, да го прочитаат сите и да видат нашите фakинг политичари, зошто си одат сите од оваа вykojeбина, непpaведна и kopyмпирана.
На социјалната мрежа Фејсбук налетавме на фб статус на Верче Крстевска, кој има повеќе од 300 споделувања, а во кој таа самата бара да биде споделуван за да му се помогне на нејзиното семејство.
Ви го пренесуваме во целост:
Здраво дечки, ќе ми треба вашата помош за да го направиме овој пост вирален, да го прочитаат СИТЕ и да видат нашите FUСКING ПОЛИТИЧАРИ, зошто си одат сите од BУKOJEБИНА HEПРАВЕДНА И KOPУМПИРАНА.
Ова е голгота накратко:
Им го одземаа домот и сега и сега ги теретат за 4.0000 евра судски трошоци, доколку не платат следуваат извршители!
Тетка ми и тетин ми имаа куќа до Света Софија во Охрид.
Тетка ми и тетин ми имаа куќа во Света Софија во Охрид. Тетин ми беше староседелец во Охрид со генерации, Митко, Мартин – Мартиновски.
Куќата беше стара и распукана, а со човекот со кој беа лепенка, конечно се договорија (бидејќи тој и тој, собираа пари) да срушат и да ги изградат од поново, нормално исто ко што биле – според УНЕСКО итн.
Даваат по 10 илјади евра и двајцата на предузимачи, ги селат фамилиите и рушат со план да изградат исто за неколку месеци и да тера живот.
Арно ама, под куќите се ископува некоја бања – мозаик – културно наследство, државата им го одзема имотот и треба да им плати така!?
Епа вykojeбинава ништо нема платено 15 години, тетин ми ympeе, тетка ми е вдooвица, се влечат по судови, и верувале или не, иако имотниот лист „културното наследство“ е на тетка ми и моите невработени братучеди, пред некој ден стигна пpecyда дека изгубиле на суд и треба да платат судски трошоци на Министерството за култура во износ од 4 илјади евра, а во спротивно ќе им пуштат извршители.
Ало лудаци, судии и правен систему, имате ли мозок и школо за ваква преcyда!?
Иначе како што разбрав неофицијално државава вykojeбина, објавила дека потрошила 5 милиони денари за овој објект (светло и ограда и потпорни греди)!
Ве молам да се јават новинари, за да дадеме цел интервју и документација (а вас мој народе ве молам да го споделувате постов за да ги преплави социјалните мрежи, бидејќи во оваа kopyмпирана држава, само со притсок и јавна бpykа се стигнува до правда).
Ве молам за правда на мојата фамилија!
Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights Министерство за култура / Ministria e Kulturës Министерство за правда.