Вашите деца не ви должат ништо – 3 начини на кои родителите ги оттурнуваат своите ВОЗРАСНИ ДЕЦА.
Ова најверојатно на многу родители нема да им се допадне, но ако сакате да си го зачувате добриот однос со вашите деца и да им биде мило секогаш кога ќе ве видат и слушнат, послушајте ги овие совети кои злато вредат.
Секој родител сака да има добар однос со своите деца, но како што растат децата, работите не се онакви какви што замислиле дека ќе бидат.
Како што растат децата, тие веќе не сакаат слепо да ги слушаат своите родители, туку сакаат да живеат свој живот и не сакаат никој да им се меша. Тогаш родителите прават некои работи кои ги оддалечуваат нивните возрасни деца, честопати дури и без да го сфатат тоа.
1. Првата работа е дека родителите имаат преголеми очекувања од своите деца. Прво бараат да завршат училиште, подоцна да се омажат и да родат внуци. Честопати, родителите не сфаќаат дека со таквите барања ги туркаат децата од нив.
На детето му станува непријатно да разговара со родителите на оваа тема, па затоа претпочитаат да избегнуваат комуникација на сите начини. Нема потреба да ги притискате вашите деца и да терате работи. Кога децата ќе почувствуваат потреба, тие ќе разговараат со вас за тоа и ќе побараат ваш совет.
2. Друга работа е постојано да се наметнувате. Честите пораки и повици можат да ги нepвираат сите, не само вашите деца. Имам пријателка чија мајка и се јавува десет пати на ден и и праќа безброј пораки. Таа често ги игнopира нејзините повици бидејќи мајка и обично и се јавува без некоја посебна причина.
Некогаш и се јавува само за да и каже што разговарала денес на кафе со сосетката. Многу родители ги здодевале своите деца со секојдневни повици, поради што децата често ги игнорираат своите родители.
3. Третата работа се ненајавените посети. Родителите мора да запомнат дека нивните деца имаат свој живот, дека имаат свои семејства и дека им е потребен нивниот мир.
Кога ненајавено доаѓате кај нив, особено ако планирате да останете неколку дена, им ги нарушувате плановите и им ги нарушувате обврските. Вашите деца имаат своја работа, обврски и генерално имаат се однапред испланирано.
Ако сакате да поминувате време со вашите деца, не мора да го правите тоа со сила. Детето треба да има желба да поминува време со вас, а не да биде принудено да го прави тоа.