Сведоштвата од невремето кое ги зафати
Извор Фокус
Во првите моменти не бевме ниту свесни што се случува. Неверојатно силен вет ар, дожд, бучеше целата куќа.




Вратите и прозорците се тресеа. Мислевме дека секој момент ќе ни оделта кровот од над глава, голема среќа беше тоа што траеше само неколку минути – вака за денешното невреме кое го зафати Неготино и околината раскажуваат жители на Војшанци.




Велат дека кога се смирило невремето излегле надвор и наишле на хаварија во дворот.
Силното невреме ја зафати општината денес во околу 16.15 часот. Траеше околу десеттина минути, но зад себе остави големи штети.




Од информациите кои се достапни досега, паднати се голем број на дрва, има навлезено вода во повеќе објекти, паднати се бандери, однесени покриви




Веднаш откако стивна силната бура, изгреа сонце. Екипите на ЈП Комуналец се на терен, а жителите од центарот на градот, кои живеат во зградите или таму пак имаат дуќани, велат дека олеснителна околност е тоа што пред неколку месеци се исчисти наносот од земја од среде кејот
За неколку минути повторно се насобра многу вода во овој дел, но протокот по речното корито одеше без застој и за среќа реката не се излеа, како што се случуваше во минатото при секое невреме- раскажуваат очевидци за Фокус.