БРАВО ЗА ОВАА МЕРКА: Ќе се даваат субвенции за набавка на огревно дрво – 500 денари за кубик за сите апликанти, напиша градоначалникот на Кисела Вода.
Орце Ѓорѓиевски градоначалник на Кисела Вода на Фејсбук објави дека ќе има помош за набавка на огревно дрво.
Браво за оваа мерка на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Ова нека послужи за пример и на деугите градоначалници во државата и да се помогне на што повеќе граѓани.
Текстот продолжува после спонзорираната реклама.
Во продолжение неговиот статус ви го пренесуваме во целост.
Кога е најтешко, застануваме еден до друг!
Жителите на Кисела Вода добиваат субвенција за набавка на огревно дрво.
Грижата и преземањето мерки за граѓаните во време на најголемата криза, останува да биде наш најголем фокус.
Во овој момент тече подготовката на јавниот повик на кој ќе можат да аплицираат сите оние кои набавиле ваков енергенс за загревање од април годинава, сѐ до моментот на објавата на повикот.
По 500 денари за еден кубен метар огревно дрво ќе се исплаќа на апликантите, кои пак ќе треба да достават доказ за купената количина дрво.
Исплатата ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен сѐ до исцрпување на средствата обезбедени од Буџетот на општината во висина од 1.200.000,00 денари.
Ова е само уште една од сетот на мерки за поддршка на граѓаните пред почетокот на грејната сезона во услови на големи зголемувања на трошоците за живеење, а посебно на енергенсите.
Претходно обезбедивме и донација за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства.
Ние не ги оставаме нашите сограѓани! Во ова сме заедно и заеднички ќе го надминеме овој тежок период!