Tuesday, May 30

Бојан: Online БАЗАРОТ отворен – Понуди нема, некој подлегнал на притисоците – Од мене толку, од Бога повеќе

Бојан: Online БАЗАРОТ отворен – Понуди нема, некој подлегнал на притисоците – Од мене толку, од Бога повеќе.

Ветено, сторено. Бојан Велевски имаше најавено дека големата посетеност на неговиот ФБ профил освен за хумор, ќе ја искористи и за да му помогне на народот во овие тешки времиња, со тоа што на неговиот профил денеска беше отворен Online Базар, каде што ќе се нудеа домашни производи за попристапни цени од маркетите. Но, дали народот сака да си помогне?

Изгледа дека Не! И покрај големата заинтересираност, денеска откако беше отворен Базарот понуди речиси и немаше.

Како се одвиваше ова и како се заврши во продолжение после рекламата:

ONLINE BAZAR ПОВЕЛЕТЕ:
Само за млеко, јајца, брашно, млечни производи и домашни сувомеснати производи со пониски цени од маркетите.

Само за семејства, поединци или мали бизниси со домашно производство.

НЕ ПРОИЗВОДСТВА НА ГОЛЕМО!

ПРАВИЛА на игра за ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ:
– ДО ДВЕ ФОТОГРАФИИ (втората во REPLY) во коментар ПО ПРОИЗВОДИТЕЛ!
Без разлика дали имате повеќе различни производи, ставете ги во една до две фотографии.

– Фотографијата од производот и описот на производот се постираат во ЕДЕН КОМЕНТАР. (имате пример во коментар).

– ЦЕНАТА НА ПРОИЗВОДОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА!
– ГРАДОТ на продавачот е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН.
– ТЕЛЕФОНСКИ КОНТАКТ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН.

ПРАВИЛА на игра за КУПУВАЧИТЕ:
– БЕЗ ДЕБАТИ за СКАПО/ЕВТИНО.
– БЕЗ КОМЕНТАРИ – ЦЕНА.
– Не комуницирате со производителите во коментари на Базарот.

Им пишувате во ПОРАКА за сѐ што ве интересира или им се јавувате на контакт телефонот.

ВЕ МОЛАМ ДА НЕ МИ НУДИТЕ БЕСПЛАТНО ВО ИНБОКС ОД ВАШИТЕ ПРОИЗВОДИ.
Тоа што ми треба, ќе си го купам како и сите други.

Овој БАЗАР го организираме поради лошата економска состојба на мнозинството граѓани кои не можат да си дозволат основни прехранбени продукти за ЖИВОТ.

Овој БАЗАР треба да овозможи конкурентни цени, квалитет и солидарност меѓу нашите производители (земјоделци , сточари) и нашиот народ кој се соочува со сериозна борба за ЕГЗИСТЕНЦИЈА .

Овој еднократен пост за БАЗАР е како и секоја друга група, фан страна, кои постојат и каде се овозможени контакти меѓу продавачи и купувачи. НИШТО НОВО И НИШТО ШТО ВЕЌЕ ДОСЕГА ГО НЕМА!

Преку овој БАЗАР ниту јас, ниту останати лица НЕМАМЕ никаква материјална корист, напротив, се грижиме за нашите граѓани и се ставаме на располагање да помогнеме на секој начин, за да овозможиме солидарност во време на криза.

НАПОМЕНУВАМЕ:
НЕ СНОСИМЕ и СЕ ОГРАДУВАМЕ од било каква одговорност во однос на цени, квалитет, транспорт и комуникација меѓу поединци продавачи-купувачи.
Одговорноста и комуникацијата за квалитетот на купеното го договарате во меѓусебна комуникација (купувач-продавач).

Почитувајте ги правилата и уживајте во Базарот.

Да живее Република Македонија!

*Посебна благодарност до Кристина Ампева.

Линкот од Онлајн Базарот ОВДЕ

После еден, два часа откако започна Online базарот, Бојан објави:

С О О П Ш Т Е Н И Е:
И покрај масовноста која вие ја создадовте и покрај целиот интерес кај медиумите за овој Базар, сепак изостанаа домашните производители и сточари.

Иако решив дека нема да зборувам за ова јавно, сепак јавноста треба да знае поради масовноста која се создаде.

Нема да кријам дека бев цел на притисоци, бев цел на “добронамерни совети” да се откажам од Базарот.

Сепак тие методи не делуваат на мене. Но, исто така добив информации дека имало притисок и врз оние целни групи кои требаше да се огласат на Базарот. Нема да коментирам дали е вистина или само на ниво на шпекулации бидејќи не сум бил присутен.

Но, фактот што немаме ниеден оглас на онлајн базар кој според моите сознанија не бил помасовен од оваа наша спонтана собиранка е и повеќе од индикативно.

Како и да е… Јас и мојот тим нашето си го направивме, вие – народот, вашето си го направивте, се обединивме во маката, а изостанаа оние кои требаше да го затворат кругот.

На крај… Ве препраќам сите вас кои спремивте пари за квалитетно сирење, кашкавал, јајца, млеко… во групата земјоделие.мк

Да го искористиме бранот на интерес и да купиме поевтино, а домашно
https://www.facebook.com/groups/zemjodelie.mk/?ref=share

Од мене толку, од Бога повеќе.
Да живее Република Македонија!

Во врска со ова се огласи и Кристина Ампева од организација Гласен Текстилец-Штип, која јс поддржа идејата на Бојан од самиот почеток:

Иако имаше ,,совети,, , всушност заkaни, Bojan Velevski не подлегна на притисоци, но нашите земјоделци и сточари подлегнаа.

Да сме живи и здрави, не успеавме да се организираме, како и по не знам кој пат, затоа сме на ова дереџе и ќе се молиме да преживееме кога не знаеме да си помогнеме.

Што вели Бојан, и од мене толку, од Господ повеќе. Не е само неколкумина да се трудиме, а народот да ни гледа сеир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *