Бојан Велевски: Време е за ОБЕДИНУВАЊЕ! Ширете го постов – Отвораме online БАЗАР: Купувајте по ПОНИСКИ ЦЕНИ од маркетите.
Бојан Велевски е македонски актер, комичар и човек кој што знае да ги насмее луѓето без разлика на тоа колку денот им тргнал лошо и речиси нема човек во Македонија кој не го знае и не ја посетува неговата ФБ страница.
Но, сега решил покрај хуморот кој го споделува таму големата посетеност на страницата да ја искористи за нешто многу подобро и нешто кое ќе ни биде од голема помош на сите нас во Македонија после големите поскапувања.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ:
Во НЕДЕЛА (02.10) во 12ч, овде на мојот фан пејџ ќе биде отворен ONLINE БАЗАР за сите оние индивидуални и семејни бизниси кои ќе понудат основни продукти.
МЛЕКО, ЈАЈЦА, БРАШНО, СИРЕЊЕ, КАШКАВАЛ, УРДА (РАЗНИ ТИПОВИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ) по ПОНИСКИ ЦЕНИ од оние во маркетите.
Исто така ќе биде дозволено да се понудат ДОМАШНИ СУВОМЕСНАТИ ПРОИЗВОДИ.
***НАПОМЕНА***
Нема да оставиме простор за злоупотpeба и манипулации со цените. Ќе бидат ангажирани четворица админи кои ќе ја следат состојбата 24/7.
Оваа страна ВИЕ ја правите една од најпосетените на фејсбук во Македонија со 350.000 до 500.000 посети неделно.
Штета е да не ја употребиме за нешто многу покорисно од само хумор и сатира.
Правилата за начинот на објава и реклама на Базарот дополнително ќе ги објавиме утре.
Се надевам дека ќе си помогнеме едни на други и заедно ќе ги пребродиме овие неколку тешки месеци.
Ширете го постов за да стигне до што е можно повеќе семејства кои произведуваат домашна храна.