Босанец испил неколку чаши повеќе, па се качил во погрешен автобус: Планирал да отпатува за Холандија, но завршил на 620 километри подалеку, крајот е урнебесен.
Дури на границата со друга држава сфатил што направил.
Граѓанин на Босна и Херцеговина по грешка се качил во автобус во Хамбург, кој мислел дека ќе го врати во Холандија, но додека под дејство на алkoxол ги мешал автобусите, завршил во Данска.
Како што пишува „Феникс-магазин“, во полициската станица во Фленсбург се испоставило дека морнарот од Босна имал намера да се врати од Хамбург во Ајндховен во Холандија со автобус, каде на тамошната автобуска станица го спакувал во автобусот багажот со неговата јакна каде што останал неговиот паричник, пасош и мобилен телефон.
Полицијата не појаснила како тој без лични документи успеал да пристигне во Хамбург, пренесува „Индекс“.
Во полициското соопштение се наведува дека во Хамбург под дејство на алкох ол „заменил еден зелен автобус со друг зелен автобус“ кој возел кон Копенхаген. Што направил дури сфатил на граничниот премин со Данска.
Додека планирал да отпатува од Ајндховен за Босна и Херцеговина, полицијата ја контактирала амбасадата во Берлин и од нив добила информации за неговиот идентитет.
Амбасадата на Босна и Херцеговина во Берлин на нивниот 45-годишен морнар му испратила купена автобуска карта за да може да се врати од Хамбург во Ајндховен, каде што му биле оставени неговите работи.
За да се уверат дека 45-годишникот овој пат ќе се качи во вистинскиот автобус, германските полицајци го однеле до автобуската станица и го качиле во автобус за Ајндховен.