Балканец запишал дете на школо во Шведска: Нема да верувате како РЕАГИРАЛЕ Швеѓаните! (ФОТО).
И после вакви зборови ве чудат луѓето кои упорно го напуштаат Балканот?
Колку и да се преселат луѓе од територијата на Балканот во скандинавските земји, секогаш ќе има некој што ќе се запраша – дали навистина мораше да биде така… Се прашуваме дали е навистина толку подобро таму отколку овде.
Слободан Муфтиќ минатата година се преселил во Шведска и во август отишол да ја запише својата 11-годишна ќерка на училиште.
Тој на својот Фејсбук профил напиша како поминал разговорот со директорот на училиштето, а ние го препишуваме во целост.
Средината на минатиот август, пријатно лето во Шведска. Ние сме Ние, а тој е директор на основното училиште Лунден, на 200 метри од нашиот стан.
Ние: Неодамна се преселивме во Шведска и имаме 11-годишна ќерка која би сакале да ја запишеме.
Тој: Добро, пополни го овој формулар, ни требаат основни информации за твојата ќерка.
Ние: Знаеш, таа не знае шведски.
Тој: Добро, ќе научи.
Ние: Можеби прво треба да работи на посебна програма?
Тој: Има и таа можност, но мислиме дека најдобро и најбрзо ќе научи шведски на час со други деца.
На крајот на краиштата, професорката по шведски јазик ќе работи само со неа по два часа на ден.
Ние: Што треба да донесе Леона на училиште?
Тој: Ништо. Книги, тетратки, моливи, гуми, секачи, линијари, триаголници, боички… тука ќе добијат се. Само треба да се погрижи батеријата на iPad да не се потроши.
Ние: Па мораме да и купиме iPad?
Тој: О не, таа ќе добие iPad на училиште, за да може полесно да се снајде со преведување и учење, но сама мора да се грижи за батеријата.
Ние: Дали да му подготвиме храна на детето за на училиште?
Тој: Нема потреба, појадокот е од 7:30 и ручекот во 12:00 часот. Секој ден имаме две менија, месо и вегетаријанско.
Ние: Дали мислите дека понекогаш треба да зборуваме шведски со Леона дома?
Тој: Воопшто не. Дома треба да зборуваш хрватски. И не само тоа, добро би било еднаш неделно да учи хрватски на дополнителна настава.
Ние: Имате ли некој што предава хрватски јазик?
Тој: Во нашето училиште немаме, но во четврток од 16:00 часот се одржува дополнителна настава по хрватски јазик во Ериксдалсколан.
Ние: Тоа е на спротивната страна од градот…
Тој: Нема проблем, ќе нарачаме такси.
Ние: Такси?
Тој: Да, секој четврток во 15 часот и 45 минути ќе ја чека на паркинг и веднаш после часови ќе ја носи дома.
И така Леона секој четврток одеше со такси на часови по хрватски јазик. Таа се почувствува особено важна кога еден млад возач дојде да ја земе во лимузина со темни прозорци.
Се разбира, сето тоа на сметка на љубезните и дарежливи шведски даночни обврзници.