Баба ми мудро зборуваше: „Никогаш не дозволувај твоите тави да светат посилно од тебе!“
Кога донесов одлука да се омажам и кога го направив тоа, мојот живот се промени. Станав домаќинка.
Понекогаш се чувствував како куќна помошничка. Моето чистење траеше над 10 часа на ден.
По секоја цена сакав куќата да ми свети, ручекот да биде топол, алиштата да се пеглаат. Не сакав некој да ме посети без мојата куќа да биде во ред. Се трудев да бидам угледна домаќинка и ми требаше многу време.
Набљудував жени кои исто така беа во брак, но беа опуштени. Се забавуваа, шетаа, излегуваа, се дружеа со луѓе без да внимаваат на несредената куќа и не се трудеа никому да објаснат зошто го живеат животот како што сакаат.
Бев поинаква, мислев дека треба да бидам угледна домаќинка. Постојано бев под стрес и загрижена дали некој ќе влезе во мојот неуреден дом.
Како што минуваа годините, сфатив дека животот е само еден и дека навистина не треба никому да објаснувам зошто правам нешто или да ги оправдувам своите постапки.
Мојата куќа е само моја, на луѓето не им е гајле како изгледа и што правам цел ден низ дома. Луѓето сакаат да се одморат, да се забавуваат и да се релаксираат.
Имаме само еден живот и тој е многу краток. Важно е да ја исчистите прашината, но многу поважно е да имате време за себе.
Да цртате ако сакате, да пишувате песни, да одите на прошетки, да си играте со вашето домашно милениче, да уживате со пријателите или едноставно да се одморите и да не правите ништо.
Животот е многу повеќе од полици со прашина. Денешниот ден никогаш нема да се врати, не го трошете дома.
Запомнете дека има многу работи што можете да ги направите во животот сега, а нема да можете да ги правите за 10 или повеќе години. Времето минува и не чека.
Она што го правиме денес можеби никогаш нема да се врати. Затоа, излезете од дома денес, прошетајте, планинарете, слушајте музика, одете на тој концерт што го чекавте, прочитајте книга или легнете на тревата.
Штом ќе заминеш од оваа планета, и кога ќе ни дојде крајот, нема да бидеме ништо друго освен прашина. Никој нема да ги памети вашите чисти прозорци, вашите полици без прашина или вашите совршено исперени алишта.
Наместо тоа, тие ќе ве паметат по вашата насмевка, по вашите сјајни очи и по радоста што ја внесовте во вашиот живот, како и во животот на другите луѓе.