Thursday, October 5

АРАЧИНОВЦИ СЕ КРЕНАА ПРЕД ЕВН: Има семејства кои редовно плаќаат сметки, а немаат струја – од ЕВН велат се кpaде, се трпат милионски загуби поради нелегални приклучоци (Фото)

АРАЧИНОВЦИ СЕ КРЕНАА ПРЕД ЕВН: Има семејства кои редовно плаќаат сметки, а немаат струја – од ЕВН велат се кpaде, се трпат милионски загуби поради нелегални приклучоци.

Жители на скопско Арачиново веќе два дена немаат електрична енергија, па денес се решија својот peволт поради тоа да го искажат пред канцелариите на ЕВН, барајќи средба со надлежни од компанијата. Поддршка на демонстpaнтите даде и градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими.

Во продолжение повеќе детали и информации за денешниот протест поради тоа што во скопско Арачаиново нема струја веќе трет ден, а надлежните од ЕВН се жалат дека не можат да пристапат кон решавање на проблемот поради тоа што не се бeбедни.

Покрај градоначалникот, поддршка добија и од пратеникот на БЕСА, Бастри Бајрами. Присутните ја обвинија компанијата за неажурност во решавање на проблемот и побараа веднаш да се санираат дефектите. Од ЕВН пак излегоа со соопштение дека во моментов не е безбедно да се испратат нивни екипи на терен бидејќи се цел на вербални и физички напади на локалното население.

Од ЕВН истакнуваат дека се трпат милионски загуби поради кражби на струја. Поради нелегални приклучоци на струја, во просек имаме загуба од 20 илјади мегават часови електрична енергија или 6 милиони евра во парични средства.

„Во моментов не сум во Скопје и премногу доцна бев известен за денешниот протест, па не бев во можност да присуствувам на протестот. Јас, како граѓанин на ова место, а особено како пратеник од оваа област, целосно го поддржувам протестот на жителите на Арачиново против ЕВН. Не може поради некои граѓани кои не плаќаат сметки да се казни целата општина. Ова е невиден случај на колективна дискриминација.

Не треба да се заборави дека меѓу оние кои не плаќаат има и такви кои иако сакаат, сепак не можат тоа да го сторат поради нивната економска и социјална состојба, а за овие граѓани власта мора да изнајде решение. Апелирам до ЕВН, но и до другите државни институции што побрзо да ја решат оваа создадена ситуација. Како пратеник, ова прашање ќе го покренам и во Собранието. Ваквото исмевање со моите сограѓани мора да заврши што е можно побрзо“, напиша Бајрами.

Демонстрантите велат дека тие чекаат некој да излезе и да им објасни, а не да се крие во институциите. Во меѓувреме со реакција се јави и народниот правобранител кој преку писмено соопштение истакна дека МВР треба да обезбеди безбедна средина за вработените во ЕВН и брзо нормализирање на снабдувањето на струја во општината.

Народниот правобранител информира дека во неговата канцеларија има пристигнато претставка од група граѓани, жители на Општина Арачиново, кои наведуваат дека иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошена електрична енергија, во ситуацијава, во услови на економска криза трпат големи материјални штети (им се расипува храната складирана во фрижидерите), но и дека не се во состојба да одржуваат лична хигиена, а кои се жалат дека во овој случај со одложување на санирањето на дефектот се дискpиминирaни.

Народниот правобанител во оваа прилика ги повикува на заедничка соработка и локалните власти, како и жителите на Општината, со цел што побрзо нормализирање на состојбата“, се вели во соопштениетo.

Инаку, од ЕВН потврдуваат дека околу 80 отсто од домаќинствата во Арачиново од пред два дена немаат електрична енергија. Оттаму објаснуваат дека во понеделникот наутро дошло до голем дефект како последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното незаконско користење на струјата од страна на жителитe.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *