Ако го имате ова растение во вашата куќа, никогаш повеќе нема да видите пајаци, бубачки и овошни мушички.
Никој не сака кога на ѕидовите и на аглите на таванот се појавуваат пајажини.
Се разбира, чиста и уредна куќа не е толку привлечна за инсектите како неуредна, но дури и со често чистење – појавата на инсекти е вообичаена работа.
Колку и да го одржувате чист домот, дворот или терасата, пајаците секогаш ќе најдат начин да живеат во вашата непосредна околина.
Како да се ослободите од нив?
Дали знаевте дека пајаците и другите мали инсекти воопшто не го поднесуваат мирисот на нане? Одлична идеја – засади го ова растение дома.
Растението нане, познато и како мента, има силна арома. Ќе го заштити вашиот дом не само од пајаци, туку и од разни бубачки, инсекти и овошни мушички.
Можете исто така да измешате мала количина есенцијално масло од пеперминт со вода (околу 10 капки на половина литар вода) и истурете го во шише со распрскувач.
Со оваа смеса можете да ги испрскате сите темни агли на вашиот стан, тераси, складишта во дворот, како и сите места каде што се забележани пајаци.
Пријатниот мирис на овој спреј ќе послужи и како природен освежувач на воздухот кој е целосно безопасен за луѓето.